Домашно тоблероне со кока кола – Се прави за 15 минути, нема печење

Тоблероне е вкусот кој буди слатки и вкусни емоции. Ви нудиме евтина варијанта на овој десерт, за сите сетила и генерации.

Состојки:

*150 гр маргарин
*200 гр чоколадо за готвење
*2 лажици мед
*200 гр шеќер
*2 дл кока кола
*200 гр бисквити
*150 гр сечени ореви
Состојки за глазура:
*парче маргарин
*50 гр чоколадо

Подготовка:

  1. Калап во форма на триаголник се обложува со хартија.
  2. Во тава на оган се става мешавина од кока кола, шеќер, маргарин и чоколадо.
  3. Откако ќе се стопат и соединат се додаваат искршените бисквити, оревите и медот.
  4. Смесата се изедначува и се става во калапот за колачи, па се става глазурата која ќе ја направите со маргарин и чоколадо растпени и соединети на оган.
  5. Откако ќе се олади, исечете триаголници и украсете фи по желба.

No comments:

Post a Comment

Total Pageviews

Flag Counter