Најпознатите три коктели

Доколку викендов сакате да го искористите за дружење со пријателите, овие три коктели можат да бидат одличен додаток во вашата забава. Трите можеби најпознати коктели, се лесни за подготвување, а и лесно се пијат. Па кој е вашиот омилен?

1. Cosmopolitan


 Состојки:

*30 мл вотка
*15 мл ликер од портокал
*15 мл ликер од лимета
*15 мл џус од боровинки
*резанка од лимета
*мраз



Подготовка:

Сите состојки ставете ги во шејкер и додадете неколку коцки мраз. Силно измешајте ги и сипете го коктелот во мартини коктел чаша. Декорирајте со една резанка лимета на работ од чашата.


2. Sex on the Beach

 

Состојки:

*30 мл вотка
*30 мл ликер од праска
*85 мл сок од портокал
*85 мл џус од брусница
*мраз

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во шејкер и силно измешајте ги. Коктелот послужете го во висока чаша полна со коцки мраз.

 

3. Long Island



Состојки:

*45 мл вотка
*45 мл џин
*45 мл рум
*45 мл ликер од портокал
*5 мл текила
*10 мл џус од портокал
*60 мл кока-кола
*резанки лимон
*мраз

Подготовка:

Сите состојки сипете ги во шејкер и убаво измешајте ги. Во голема стаклена чаша полна со мраз сипете го коктелот и декорирајте со неколку резанки лимон.

No comments:

Post a Comment

Total Pageviews

Flag Counter